Опис: Курсот кој го води проф. Вангел Ајановски е проектно ориентиран - фаза по фаза, чекор по чекор, преку тимски проекти во помали тимови, на практична основа се изучува моделирањето, поставувањето и изработката на база податоци и софтвер кој ќе ја ажурира и пребарува базата податоци.
Наставник: проф. д-р Вангел В. Ајановски
Контакт: https://ajanovski.info
Предметен сајт: https://bazi.finki.ukim.mk/
Присуство: се води преку изработка на зададените задачи
Редовност: работата се следи и презентира на редовни средби на лабораториски вежби и консултации
Полагање:
Се положува преку комбинирана активност од лабораториски задачи, проект, тестови и испити.
Испитите се организираат по електронски пат, практично и теориски преку
специјален систем за одржување на испитите. Практичниот дел од испитот
опфаќа работа со систем за управување со бази податоци.
Трансфер: Овој курс е наменет само за студентите од паралелката за која е задолжен наставникот проф. д-р Вангел Ајановски.