Опис:
Курсот кој го води вонр. проф. Вангел Ајановски е проектно ориентиран -
фаза по фаза, чекор по чекор, преку индивидуални или тимски проекти во помали тимови, на
практична основа се изучува напредни теми од администрација на бази податоци.
Предметен сајт: https://bazi.finki.ukim.mk/
Полагање:
Се положува преку комбинирана активност од индивидуални задачи и групни проектни задачи. Нема класичен испит.
Присуство: се води електронски преку редовни виртуелни средби и консултации
Редовност: проектната работа се следи и презентира на редовни виртуелни средби и консултации
Предуслови: Неопходно е да е завршен предметот Бази на податоци
Контакт: https://ajanovski.info