Опис: Курсот кој го води вонр. проф. Вангел Ајановски е проектно ориентиран - фаза по фаза, чекор по чекор, преку тимски проекти во помали тимови, на практична основа се изучува моделирањето, поставувањето и изработката на база податоци и софтвер кој ќе ја ажурира и пребарува базата податоци.

Наставник: вонр. проф. д-р Вангел В. Ајановски

Контакт: https://ajanovski.info

Предметен сајт: https://bazi.finki.ukim.mk/

Присуство: се води електронски преку редовни виртуелни средби и консултации

Редовност: проектната работа се следи и презентира на редовни виртуелни средби и консултации

Полагање: Се положува преку комбинирана активност од индивидуални задачи, групни проектни задачи и испити. Испитите се организираат по електронски пат, практично и теориски преку специјален систем за одржување на испитите. Практичниот дел од испитот опфаќа работа со систем за управување со бази податоци.

Трансфер: Овој курс е наменет само за студентите од паралелката за која е задолжен наставникот вонр. проф. д-р Вангел Ајановски.