Овој курс е официјален курс за предметот Развојни процеси на информациски системи воден од вонр. проф. д-р Вангел В. Ајановски.

Воедно овој курс е назначен како замена за следните предмети од старите наставни планови: Информациски системи (оригинално од АСИ), Информациони системи (оригинално од ИКИ).

Пристап: Пристапот се регулира преку уписите на соодветните предмети. Во случај да немате пристап, проверете го статусот на вашиот упис и контактирајте го наставникот.

Опис: Курсот го води вонр. проф. Вангел Ајановски и е проектно ориентиран - фаза по фаза, чекор по чекор, преку тимски проекти во помали тимови, на практична основа се изучуваат методологиите на организација на софтверскиот развој специјално за развој на информациски системи.

Предметен сајт: https://develop.finki.ukim.mk/

Полагање: Се положува преку комбинирана активност од индивидуални задачи и групни проектни задачи. Нема испити.

Присуство: задолжително (се дефинира проект на почетокот на предметот, а вежбите течат преку изработка на проектот фаза по фаза, чекор по чекор, притоа се следи статусот на работата секоја недела, а на неколку недели се прават презентации на статусот на проектот до тој момент)

Редовност: проектната работа се следи и презентира секоја недела, повеќе детали во присуство.